Македонија

Вработените од Министерството за култура на протест, уште чекаат средба со надлежните

03.04.2023 14:39

Вработените во културата повторно излегоа на протест. Побараа повисоки плати и потпишување на колективен договор, и се пожалија дека се крши Уставот во којшто е утврдено правото на соодветна заработувачка на секој вработен...

Владата ја потврди поделбата во јавниот сектор, на државни органи кои се важни за неа и министерства кои треба тивко да си ја работат работата и да чекаат подобри времиња и изнаоѓање на системско решение, велат вработените во културата. Тие повторно излегоа на протест. Побараа повисоки плати и потпишување на колективен договор, и се пожалија дека се крши Уставот во којшто е утврдено правото на соодветна заработувачка на секој вработен.

Вработените во културата предупредија дека ќе протестираат секој ден до исполнување на нивните барања.

На протестот пред Влада на вработените во Министерство за култура, Агенцијата за филм и Управата за заштита на културното наследство им се приклучија и од Синдикатот на културни работници и од СОНК. Министерството за финансии, пак, укажа дека се работи на изнаоѓање одржливо и системско решение за платите во целиот јавен сектор.

 

 

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска