Евроинтеграции

Невладини со совети до надлежните за побрз и поуспешен европски пат

03.04.2023 16:45

Консензус за реформите, вклученост на сите засегнати страни, издигнување на интегративниот процес на натпартиско ниво – невладини со совети до надлежните како да имаме побрз и поуспешен европски пат...

Вклученост на сите засегнати страни и добра комуникација на сите нивоа- ова е клучно за евроинтегративниот процес, за да се добие поголема поддршка и процесот на биде прифатен од што е можно поголем број на луѓе, велат од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Оттаму со иницијатива – евроинтегративниот пат да биде натпартиска цел, во којашто ќе бидат вклучени сите поединци.

Македонија е веќе дел од процесот на евроинтеграција, а сите политички чинители треба да постигнат косензус за реформите за државата да ги продожи преговорите, велат од Институтот. Додаваат дека тоа е во интерес на сите, особено на младите.

Младите се заинтересирани за промени и целосно приближување кон европските општества.

Ова е процес кој трае 30 години, а ако сакаме да биде успешен, мора да го работиме заедно, а во спротивно недовербата и стравот постојано ќе бидат присутни, рекоа учесниците на дебата.

 

Марија Котовска