Македонија

Гир: Промената на Уставот е суверена одлука на земјата

03.04.2023 15:24

ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на Уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане национална држава. СДСМ молчи за опозицискиот предлог со образложение дека токму во работната група ќе се дискутира за предлозите. Внесувањето на Бугарите во Уставот е суверена одлука на земјата, рече Гир...

Со хрватскиот модел на Устав, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во неа, посочува ВМРО-ДПМНЕ апелирајќи да се прифати нивниот предлог за преамбулата. Во Хрватска јасно пишува дека е национална држава, за разлика од Македонија која е воспоставена како граѓанска држава. ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на Уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане национална држава.

И додека во ВМРО-ДПМНЕ не одговараат директно дали ќе учествуваат во работната група за уставните измени сè додека за нивниот предлог не се изјаснат владејачките партии, СДСМ молчи за опозицискиот предлог со образложение дека токму во работната група ќе се дискутира за предлозите.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е суверена одлука на земјата, но треба да се искористи поволниот моментум за процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Патот за Северна Македонија е отворен – рече евроамбасадорот Гир.

Претходно, и ДУИ го повика ВМРО-ДПМНЕ да испрати претставник во Комисијата за уставни измени. Алијанса и Алтернатива го отфрлија предлогот како ретрограден.

 

 

Миле Ристески