Во Грција цвета нелегалната продажба на цигари
09.05.2014 12:50
23 % од цигарите на пазарот се нелегални и со сомнителен квалитет- пишува грчкиот весник „Вима“...

Центарот за економски истражувања во Грција (КЕПЕ) смета дека нелегалната трговија со цигари во Грција минатата година расте. 23 % од цигарите на пазарот се нелегални и со сомнителен квалитет- пишува грчкиот весник „Вима“.
Од Истражувачкиот центар сметаат дека следниот период процентот на шверцувани и нелегални цигари ќе стане уште поголем.
Предупредуваат дека огромните даночни загуби ќе бидат задоцнета бомба за грчката економија.
Соња Стојановска
