Љубљана

Ковачевски- Фајон: Охрабрување од Словенија за ново придвижување во евроинтеграцискиот процес

03.04.2023 16:58

На состанокот се поздравени државничките политики на Владата на Република Северна Македонија во правец на реализација на европските перспективи на државата, што е оценето како значаен придонес и во регионалната и европската стабилност.

Премиерот Ковачевски денеска во Љубљана се сретна и со вицепремиерката во Владата на Република Словенија и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон.

На состанокот се поздравени државничките политики на Владата на Република Северна Македонија во правец на реализација на европските перспективи на државата, што е оценето како значаен придонес и во регионалната и европската стабилност.

Во таа насока, е пренесена силна поддршка за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, со изразено охрабрување за Република Северна Македонија во насока на ново придвижување во евроинтеграцискиот процес и фокусирајќи се на правење конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на актуелниот реформски моментум, соопштуваат од владината прес- служба.