Посета

Ковачевски-Голоб: Уставните промени да бидат последен услов

03.04.2023 17:34

Македонскиот и словенечкиот премиер на средба кај Брдо во Крањ. Силна поддршка од Љубљана за нашиот интегративен пат, предупредување дека процесот на проширување не смее да запре. Ковачевски очекува државата да излезе посилна по носењето на уставните измени. Голоб предупреди-да не ви се поставуваат други услови…

Премиерот Ковачевски во официјална посета на Словенија. Љубљана дава силна поддршка за нашиот интегративен пат и предупреди дека не смее да запре процесот на проширување. Ковачевски очекува во македонското Собрание да бидат донесени уставните измени. Според него, кога тоа ќе се случи, земјава од целиот процес ќе излезе посилна. Неговиот колега Голоб, испрати повик до политичките актери во земјава да ја разберат важноста на моментот, но укажа и дека не смее да има други условувања.

Марина Стојанова-Тонева известува од Словенија