Македонија

Министерството за правда со реакција за укинатата пресуда за „Организатори на 27 април“

03.04.2023 17:53

Од Министерството го повикуваат Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите...

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судии. Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, реагираат од Министерството за правда по одлуката на Апелациониот суд за повторно судење во случајот „Организатори на 27 април“.

Од Министерството го повикуваат Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи и дисциплинска, ако се утврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво.