Одбележан 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот
Цвеќе положија делегација на Владата предводена од премиерот Никола Груевски, делегации од Собранието, од Кабинетот на Претседателот, од АРМ, Град Скопје...

Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје денеска во Македонија официјално е одбележан 9-ти мај – Денот на победата над фашизмот.
Цвеќе положија делегација на Владата предводена од премиерот Никола Груевски, делегации од Собранието, од Кабинетот на Претседателот, од АРМ, Град Скопје, претставници на борците, на политичките партии, на ОБСЕ и на амбасадите на Русија, Србија, Украина и САД.
Владина делегација предводена од заменик претседателот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски по повод одбележувањето на 9 мај - Денот на победата над фашизмот, положи цвеќе на Споменикот на првото заседание на АСНОМ, и на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, во паркот во паркот „Жена Борец“, како и на споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштад „Македонија“.
