Македонија

ВМРО-ДПМНЕ не одговори на повикот на Министерството за правда за учество во работната група за нов Изборен законик

03.04.2023 18:35

Од Министерството посочуваат дека Работната група која ќе треба да го подготви новиот Изборен законик ќе се формира во најкус можен рок.

До Министерството за правда до попладнево не е пристигнат никаков одговор од ВМРО-ДПМНЕ на повикот за нивно учество во работната група за подготовка на нов Изборен законик.

Ве информираме дека и покрај испратениот допис до ВМРО ДПМНЕ да предложат свој претставник во работната група за подготовка на нов Изборен законик како и поканата претседателот на работната група да биде нивен предлог, досега до Министерството за правда нема пристигнато никаков одговор, ниту позитивен ниту негативен. За ова се известени сите меѓународни фактори и организации, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Од Министерството посочуваат дека Работната група која ќе треба да го подготви новиот Изборен законик ќе се формира во најкус можен рок.

Министерството за правда смета дека во нејзината работа треба да учествува и ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението.