Прв случај на морбили кај 13- месечно дете од Свети Николе
Детето било изолирано на Инфективното одделение, преземени се сите мерки, велат од Центарот за јавно здравје- Штип. Мерки презема и епидемиологот од Свети Николе.

Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Од Центарот за јавно здравје-Штип, потврдуваат дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили.
МИА пренесува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на осипот е испратен примерок од крв во Скопје, а резултатот е пристигнат денеска.
Детето било изолирано на Инфективното одделение, преземени се сите мерки, велат од Центарот за јавно здравје- Штип. Мерки презема и епидемиологот од Свети Николе.
13- месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили.
