Инфрастуктура

Почнува изградбата на Коридорот 8

04.04.2023 08:47

Напладне зад наплатната рампа Тетово-Гостивар, ќе биде поставен камен – темелник на проектот Коридор 8. На настанот ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, првиот вицепремиер Груби, министерот за транспорт и врски Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Рустеми...

Напладне зад наплатната рампа Тетово-Гостивар, ќе биде поставен камен – темелник на проектот Коридор 8. На настанот ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, првиот вицепремиер Груби, министерот за транспорт и врски Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Рустеми.

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-Д беше потпишан со компанијата „ИРД Инженеринг“, а вредноста е 1,3 милијарди евра, ова предизвика бурни реакции пред сè кај опозицијата, која обвини за корупција. ВМРО-ДПМНЕ побара договорот да се раскине, а објави и документи дека четворица експерти за надзорот добиле 900 илјади евра за еден месец работа. Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со цел да ги провери наводите изнесени во јавноста, отвори предмет по допрен глас.

Коридорот 8 е долг 68 километри, со автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри. Реализацијата на оваа голема капитална инвестиција ќе придонесе за економијата, модернизација на патната инфраструктура, подобри услови за развој на бизнисот и врски со соседите, велат од Владата.