Украина

Битката за Бахмут продолжува

04.04.2023 09:12

Западните сојузници му пратија на Киев помош од 65 милијарди евра, ММФ кредит од 2,7 милијарди долари, а Полска „мигови 29“...

Продолжува битката за Бахмут. Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија,Гроси, утре во посета на Калининград на преговори за нуклеарката на Запорожје. Западните сојузници му пратија на Киев помош од 65 милијарди евра, ММФ кредит од 2,7 милијарди долари, а Полска „мигови 29“.

„Западот се обидува да забие клин меѓу Русија и Кина со постојаното повторување за наводниот нерамноправен односи и зависноста на Москва од Пекинг“, обвини рускиот шеф на дипломатијата.