Сад

Трамп на прво сослушување во Њујорк

04.04.2023 09:14

Тој е под истрага поради исплата од 130.000 долари на порно актерка пред изборите во 2016 година во замена за медиумски молк за нивната афера...

Засилено обезбедување во Њујорк пред првото сослушување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој е под истрага поради исплата од 130.000 долари на порно актерка пред изборите во 2016 година во замена за медиумски молк за нивната афера.

Трамп и натаму ја негира и бара оставка од јавниот обвинител Алвин Браг. Против него се водат уште неколку истраги, вклучувајќи ги нередите во Капитол и чувањето на доверливи документи по крајот на претседателскиот мандат.