Македонија

Три години и еден месец затвор за Марјан Стаменковски од „ ДоказМ“

04.04.2023 09:35

Кривичниот суд го осуди за четири дела на по една година, за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци, ширење расистички и ксенофобичен материјал или на единствена казна од три години и еден месец...

Сопственикот на порталот, Доказ, Марјан Стаменковски е осуден на затворска казна од три години и еден месец.

Изречена му е и забрана за вршење на професија и регистрација на портал и домејн во наредните 10 години.

Кривичниот суд го осуди за четири дела на по една година, за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци, ширење расистички и ксенофобичен материјал или на единствена казна од три години и еден месец.

Преку својот портал, тој злоупотребил и лични податоци за што ќе треба да плати парична казна од 5.000 евра, односно 250 дневни глоби.

Судскиот процес се одвиваше зад затворени врати за да се заштити приватноста на оштетените.

Стаменковски беше приведен на 9-ти февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди кои сè уште се вештачат, како и поголема сума пари.