МВР: 164 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 97 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
