Регион

Регистриран земјотрес во Србија

04.04.2023 09:54

Епицентарот бил на 20 километри западно од Крагуевац, на длабочина од околу 15 километри...

Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала ноќеска во 0:25 часот ја погоди околината на Крагуевац во Србија. Епицентарот бил на 20 километри западно од Крагуевац, на длабочина од околу 15 километри.

Засега нема информации за материјална штета.

„Кратко тресење“, „Добро се чувствуваше“, се дел од коментарите на страницата ЕМСЦ.