Милчо Манчевски во Бразил
Манчевски досега има гостувано и одржано предавања на повеќе од 30 универзитети низ светот. Неговите филмови се вклучени во наставните програми на над 100 универзитети.
Милчо Манчевски одржа предавање во бразилскиот Музеј за човекови права Меркосур на тема ,,Човековите права низ филмскиот објектив“ Пред тоа посетителите го гледале филмот на Манчевски ,,Пред дождот“, а потоа присуствувале на предавањето, дел од нив се вклучиле преку видео врска. Настанот е поддржан од повеќе институции, меѓу кои Лигата за човекови права и Катедрата за етика и образование за човекови права на државниот Универзитет „Рио Гранде до Сул“ и „Меркосур“ Музејот на човекови прави во Бразил, Католичкиот Универзитет и Движењето „Либердаде Ливре“ во Португалија. Разговорот го воделе професорката Џанкарла Брунето и Николас Фон Мота, Марцио Таварес дос Сантос, директор на Музејот.
Кога „Пред дождот“ првпат играше во оваа јужноамериканска земја, освои награда за најдобар филм на фестивалот во Сао Паоло, а беше меѓу најпопуларните филмови во Бразил. Минатата година беше издаден на ДВД во Бразил. Манчевски досега има гостувано и одржано предавања на повеќе од 30 универзитети низ светот. Филмовите на Манчевски се вклучени во наставните програми на над 100 универзитети.
Соња Стојановска