Кошарка
Универзитетот Конектикат е нов шампион во НЦАА лигата
04.04.2023 09:56
Конектикат доминираше низ целиот турнир, а така беше и во завршниот меч кој го доби со двоцифрена разлика и на тој начин му го донесе петтиот трофеј на овој колеџ...

Универзитетот Конектикат е нов шампион во НЦАА лигата во САД откако во големото финале го победи Сан Диего стејт со 76-59.
Конектикат доминираше низ целиот турнир, а така беше и во завршниот меч кој го доби со двоцифрена разлика и на тој начин му го донесе петтиот трофеј на овој колеџ.
За непогрешливиот Конектикат ова е петта титула во петтото финале, а сите пет им се од 1999 година наваму и прва по 2014 година. Сан Диего стејт во првото полувреме имаше период од 11 минути без даден кош од поле и Конектикат направи двоцифрена разлика.
*Фото : Facebook
