мвр
Приведен крадец од Чегране, следува пријава
04.04.2023 11:03
Тој се сомничи дека претходно извршил тешка кражба во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, при што одзел пари и производи...

Денеска околу 04.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 47-годишниот З.С. од гостиварско Чегране. Тој се сомничи дека претходно извршил тешка кражба во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, при што одзел пари и производи.
З.С. бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок, информираат од МВР.
