Историчари: Денот на победата над фашизмот- поттик за спречување на неонацизмот
09.05.2014 13:40
Врз темелите на големите загуби, што ги претрпе човештвото, сега се градат модерни демократии...

Чествувајќи го Денот на победата над фашизмот, историчарите порачуваат дека тој треба да биде поттик за спречување на сите неофашистички движења, кои го загрозуваат мирот, бидејќи врз темелите на големите загуби, што ги претрпе човештвото, сега се градат модерни демократии.
Првото заседание на АСНОМ и со создавањето на Македонската држава на 1 август 1944 година дефакто најголемиот дел од тогашните западни сојузници го признаа формирањето на федералната држава на Македонија во рамките на Југославија. Македонската држава тогаш доби признание за рамноправен пратнер во таа антихитлеровска коалиција, вели историчарот, проф. д-р Никола Жежов.
За да дојдеме до ова денеска што го имаме, светот прертрпе големи загуби, над 50 милиони жртви, македонскиот народ може да биде горд бидејќи во вистински момент застана на вистинска страна, изјави ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски.
