Македонија

Кривичен суд реагира за укинувањето на пресудата за предметот „Организатори на 27 април“

04.04.2023 12:48

Кривичниот суд со реакција на одлуката на Апелација за укинување на пресудата за предметот „Организатори на 27-ми април“ поради суштествени повреди на постапката. Повика јавноста и министерот за правда Лога да анализираат зошто предметите застаруваат...

Кривичниот суд со реакција на одлуката на Апелација за укинување на пресудата за предметот „Организатори на 27-ми април“ поради суштествени повреди на постапката. Повика јавноста и министерот за правда Лога да анализираат зошто предметите застаруваат.

Вчера министерот посочи дека пропустите стануваат практика за одредени судии. Во правец на изјавата на министерот за правда како суд ги повикуваме медиумите и стручната јавност да анализираат каде и поради кои суштествени повреди предметите со години чекаат правосилност и застаруваат, а граѓаните ја губат довербата во судството, посочуваат од кривичен.

Вчера со соопштение од правда реагираа на укинатата пресуда за организаторите на 27-ми април, барајќи соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту важни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.