Црногорските лекари протестираа поради убиството на нивниот српски колега

09.05.2014 13:50

15 минутен симболичен прекин на работата поради убиството на Слободан Лукиќ

Лекарите во Црна Гора утрото ја прекинале работата 15 минути во знак на протест поради убиството на нивниот колега од Кралево Слободан Лукиќ во кого пукал незадоволен пациент. Ова е симболична поддршка за  лекарската професија и нивна заштита без разлика во која држава живеат и работат-пренесува Бета. Освен во Србија и во Црна Гора имало неколку напади на медицинскиот персонал, заради што е актуелизирано прашањето за посебен вид заштита на лекарите од незадоволни пациенти.

И медицинскиот персонал во Македонија не е поштеден од вакви појави. За време на новогодишните празници беше нападната екипа на Брза помош, неколку пати се пријавени повреди во неколку ординации и болници, а пред повеќе од 15 години се случи убиство на забарка.

Соња Стојановска