Македонија

Клубот „Цар Борис Трети“ избришан од Централниот регистар

04.04.2023 13:40

Здружението на Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид денеска е избришан од Централниот регистар по службена должност...

Здружението на Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид денеска е избришан од Централниот регистар по службена должност, откако на 30-ти март министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженија и фондации со кои се забрани да се користат називи со личности кои биле поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх итн.

Одлуката на министерот, пак, следеше откако Комисија за употреба на имиња на историски личности минатата недела даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

Бугарските клубови имаа рок до 16-ти февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, но не го сторија тоа. Претходно беше избришано здружението „Иван Михајлов“ од Битола.