Отворен ден на Армијата во чест на Денот на НАТО и нашето тригодишно членство
Армијата ги отвори касарните за посетителите во чест на денот на НАТО и нашето тригодишно членство во Алијансата. Граѓани присуствуваа на презентацијата на дел од средствата и опремата и на показни вежби на припадниците на единиците во касарните „Илинден“ во Скопје,„Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово...

Армијата ги отвори касарните за посетители во чест на денот на НАТО и тригодишното членство во Алијансата во касарните Илинден во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово.
Средношколци беа меѓу најчестите посетители кои се запознаа со дел од средствата и опремата на припадниците на Армијата. Можеа да проследат и неколку показни вежби на армиските единици.
Некои од посетителите доаѓаат по втор пат на отворените денови на Армијата оти сакаат да станат професионални војници.
Армијата ужива најголема доверба kaj граѓаните, а по членството во НАТО, расте и интересот за војничката професија.
Ирина Гелевска
