Ракомет

Влезот на мечот Македонија -Украина е бесплатен

04.04.2023 14:15

Натпреварот ќе се игра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските ракометарки заслужуваат поддршка од трибините и затоа РФМ апелира на што поголема посетеност...

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука влезот на претстојниот бараж натпревар за Светското првенство на женската репрезентација со Украина да биде слободен.

Натпреварот ќе се игра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските ракометарки заслужуваат поддршка од трибините и затоа РФМ апелира на што поголема посетеност. Реваншот се игра три дена подоцна во Унгарија, во градот Кишварда.