Русија на парада ја претстави својата воена моќ

09.05.2014 14:05

Со голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва, одбележана е 69-годишнината од победата над фашизмот.

Со 11.000 војници и офицери,  69 борбени авиони и хеликоптери кои  симболично го прелетаа руското небо, беше презентирана воената моќ и подготвеноста  на руската војска. За прв пат беше претставен и противавионскиот ракетен систем Тор-М2. Парадата ја отвори министерот за одбрана Сергеј Шојгу, а присуствуваа и претседателот Путин и премиерот Медведев. Путин со краток говор до присутните.

„Ова е празник во кој триумфира силата на патриотизмот, кога сите јасно чувствуваме што значи да и бидеш лојален на својата татковина и да ги браниш нејзините интереси“, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Воената парата проследена со големо внимание од меѓународната заедница  и од медиумите поради кризата во Украина. Според непотврдени информации  Путин и Медведев ќе  продолжат на прослава во Севастопољ. Тоа ќе биде прва посета на полуостровот од  почетокот на кризата. Канцеларката Меркел изјави дека оваа постапка на Путин е неприфатлива, додека Украина ги засили мерките за безбедност на највисоко ниво, поради можност од провокација од официјална Москва. 

Денот на победата ќе биде одбележан во повеќе украински градови каде доминира руско население. Путин го потврди своето присуство и на одбележувањето на седудесетгодишнината од десантот на Нормандија, каде ќе присуствуваат голем број лидери меѓунив  и Обама. 

Марија Петковска