Спасовски- Поклукар: Одлични резултати во справувањето со илегалната миграција и криумчарењето мигранти
Спасовски го информираше Поклукар дека на наше огромно задоволство Република Северна Македонија на 19 април 2023 година и формално ја започнува првата операција на Агенцијата на ЕУ за европска и крајбрежна стража, за што изминатиов период беше интензивен во размената на информации и договарања со претставниците на Фронтекс и Министерството за внатрешни работи...

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Словенија, Оливер Спасовски и Боштјан Поклукар, на маргините од Министерската конференција во рамки на Брдо процесот остварија билатерална средба.
„Регионот и натаму се соочува со многу безбедносни предизвици од кои би ги издвоил недозволената трговија со дрога, борбата против тероризмот и радикалниот екстремизам, финансискиот криминал и сите видови на организиран криминал, што пак нам како министри ни налага непосредна и блиска соработка помеѓу нашите две Министерства како на билатерално, така и на регионално ниво. Приоритет и фокус несомнено и во периодот што следи како во регионов, така и во европски рамки е миграцијата односно нелегалната миграција за која што говоревме и во рамки на оваа средба на Министри на земјите од Брдо процесот“, истакна Спасовски на средбата.
На средбата двајцата министри за внатрешни работи заклучија дека ефикасното организирање на секаков вид соработка е незаменливо средство за јакнење на безбедноста на секоја земја, а со тоа и на регионот.
