УЕФА: До јуни одлука за учество на Барселона во Лигата на шампионите
Како што објавија шпанските медиуми, УЕФА сака истражителите на етичкиот комитет Жан-Самуел Леуба и Мирјан Колер да спроведат брза истрага за случајот за корупција против каталонскиот клуб.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) очекува до јуни да донесе одлука за учеството на Барселона во сезоната 2023/24 во Лигата на шампионите.
Како што објавија шпанските медиуми, УЕФА сака истражителите на етичкиот комитет Жан-Самуел Леуба и Мирјан Колер да спроведат брза истрага за случајот за корупција против каталонскиот клуб.
Организацијата не сака да го одолговлекува процесот бидејќи Барселона би можела прво да оди до Апелациониот суд на УЕФА, а потоа и до Судот за спортска арбитража (CAS) за да го одложи процесот и да учествува во следната Лига на шампиони.
Претходно УЕФА најави отворање истрага поради корупциски скандал со исплатите на Барселона на потпретседателот на судискиот комитет, Хозе Марија Енрикез Негреира.
