Дипломатија

Османи го поздрави приемот на Финска во НАТО

04.04.2023 18:11

Македонија, како членка на НАТО е силен поддржувач на политиката на Отворени врати на Алијансата. Очекуваме што поскоро Шведска да стане дел од трансатлантското семејство, изјави шефот на дипломатијата...

Финска е нова членка на НАТО. Историски момент и важен чекор напред за понатамошно зајакнување на трансатлантската стабилност, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук .

Македонија, како членка на НАТО е силен поддржувач на политиката на Отворени врати на Алијансата. Очекуваме што поскоро Шведска да стане дел од трансатлантското семејство како значаен влог во понатамошното зајакнување на Алијансата и зачувувањето на безбедноста на сите сојузници, наведе Османи.

Финска беше примена во членство во НАТО на денешниот состанокот во Брисел на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, на кој учествува и Османи.