Македонија

Хрватскиот премиер Пленковиќ утре во официјална посета на земјава

04.04.2023 18:26

Премиерот Андреј Пленковиќ и неговата делегација, на платото пред Владата во 10 часот ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести, соопштуваат од владината прес- служба.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре доаѓа во официјална посета на земјава. Во делегацијата заедно со премиерот Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи, претставници од хрватскиот Сабор, како и амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ.

Премиерот Андреј Пленковиќ и неговата делегација, на платото пред Владата во 10 часот ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести, соопштуваат од владината прес- служба.

Во составот на македонската делегација, на средбата со хрватската делегација, ќе присуствуваат вицепремиерите Маричиќ и Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, како и македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи.

Пленковиќ исто така ќе оствари средба и со претседателот Стево Пендаровски.