Доналн Трамп е формално уапсен
Трамп пристигна во судот во Менхетн каде формално ќе биде приведен, ќе му бидат земени отпечатоци од прсти и ќе му биде направенa полициска фотографија.

Доналд Трамп се пријави во судот во Њујорк и стана првиот претседател во историјата на САД кој се соочил со обвинение за кривично дело. Трамп пристигна во судот во Менхетн каде формално ќе биде приведен, ќе му бидат земени отпечатоци од прсти и ќе му биде направенa полициска фотографија.
Неговата адвокатка Џули Ренделман рече дека „никогаш не помислила дека ќе доживее ваков ден“.
„Искрено, не можам да верувам дека ова се случува“, додаде таа.
76-годишниот поранешен претседател се очекува да се изјасни за невин за серијата обвиненија кои произлегуваат од исплатата на голема сума пари на порно ѕвезда во замена за нејзиниот молк за сексуалната врска со Трамп.
Пред судот се собраа поддржувачи и противници на поранешниот претседател, а меѓу двете групи кои разменуваа навреди, застанаа и припадници на њујоршката полиција.
*Фото: CNN
