Партии

„Огнената група“ на ДУИ демантира дека ќе се приклучи кон Беса

04.04.2023 20:41

Од фракцијата соопштуваат дека веста оти ќе се приклучат кон Беса, која ја објавија дел од медиумите, е невистина...

„Огнена група“ на ДУИ, која од минатата сабота функционира како фракција во партијата, ги демантира шпекулациите дека ќе преминат во Движењето Беса.

Од фракцијата соопштуваат дека веста оти ќе се приклучат кон Беса, која ја објавија дел од медиумите, е невистина, притоа најавувајќи дека во наредниот период ќе се интензивира борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на Демократската унија за интеграција.

На Огнената група на која и даваат поддршка една третина од гласачите на ДУИ не и е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ, се посочува во соопштението.