Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд

05.04.2023 08:15

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 8 степени.