амсм

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

05.04.2023 08:33

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е нормализиран, по вчерашните одрони на патот. Сообраќајот беше во прекин од синоќа поради голем одрон.