Македонија

Денес продолжува судењето за клиниката „Жан Митрев“

05.04.2023 08:57

За денеска е најавено продолжување на судскиот процес кој се води за кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника откако претходното рочиште беше одложено со барање на одбраната...

За денеска е најавено продолжување на судскиот процес кој се води за кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника откако претходното рочиште беше одложено со барање на одбраната за докомплетирање на правниот тим кој го застапува обвинетиот.

На доктор Митрев на товар му се става обвинение, дека со умисла довел во заблуда пациенти болни од КОВИД 19 и дека хемофилтрацијата го лекува вирусот, а целта според обвинителството била да заработи пари.