Пленковиќ во официјална посета на Македонија
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во официјална посета на Македонија...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во официјална посета на Македонија.
Во делегацијата заедно со Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи, претставници од хрватскиот Сабор, како и амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ.
Пленковиќ и неговата делегација, на платото пред Владата ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Во составот на македонската делегација, на средбата со хрватската делегација, ќе присуствуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.
Според агендата за официјалната посета на хрватскиот премиер, Пленковиќ на земјава, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Двајцата премиери на Хрватска и Северна Македонија, Пленковиќ и Ковачевски, ќе одржат заедничка прес-конференција.
