МВР: 169 сообраќајни прекршоци во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за непрописно престројување на возила.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за прекршоци што ги прават пешаците, три санкции за некористење сигурносен појас, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемена безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.
