Уставниот суд ќе ја одржи 13-та седница
На дневен ред на денешната 13. седница на Уставниот суд се и две иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободи и права...

На дневен ред на денешната 13. седница на Уставниот суд се и две иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободи и права.
Уставниот суд на денешната седница се очекува да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Деталниот урбанистички план со бензинската пумпа на „Пуцко-петрол“ во Општина Карпош.
Во тек е и времена мерка, бидејќи на истата седница Судот одлучи да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука.
Уставниот суд со поведување на постапка на 11 јануари годинава оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото.
