Скопје

Делови од Скопје без струја

05.04.2023 09:33

Од „ЕВН Македонија‘ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат...

Од „ЕВН Македонија‘ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 9 до 10 часот корисниците од булеварот ВМРО бр. 1 (општина Центар);

– во периодот од 9 до 14 часот дел од корисниците од село Кучевиште (општина Чучер Сандево);

– во периодот од 10 до 14.30 часот објектите лоцирани на булеварот 8 Септември, од раскрсницата со улицата Скупи до мостот на реката Вардар од страната на „Хубо маркет“ (општина Карпош).