Се затвораат две фабрики на Кока Кола во Русија

09.05.2014 14:52

Малата побарувачка на Кока Кола во Русија и се поголемата популарност на домашните пијалоци е причина за затворањето на две фабрики на Кока Кола во Москва и во Новосибирск до јуни годинава.

Работниците што ќе останат без работа ќе можат да ја понудат својата работна сила во другите две фабрики на руската подружница  на Кока Кола-Мултон.  Руските пијалоци се повеќе ги истиснуваат Кока Кола и Пепси од пазарот. Минатата година безалкохолните пијалоци се продавале за 6% помалку. Кока Кола имаше удел од 23,5% на рускиот пазар на безалкохолни пијалоци во вредност од околу 4,6 милијарди долари во  2013година, а Пепси  35,5%. Целокупната руска економија  во првиот квартал од годинава бележи пад. Причините се  намалување на инвестициите поради украинската криза.

Соња Стојановска