Трамп се изјасни за невин за сите 34 точки од обвинението
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин по 34 точки од обвинението откако им се предаде на властите во судот на Менхетен, во Њујорк...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин по 34 точки од обвинението откако им се предаде на властите во судот на Менхетен, во Њујорк. Трамп формално беше уапсен, но беше пуштен на слобода откако беше прочитано обвинението.
„Единствениот прекршок што го направив беше тоа што бестрашно ја бранев нашата земја од оние кои сакаат да ја уништат. Нашиот правосуден систем стана беззаконски. Овој лажен случај е донесен само за да се меша во претстојните избори во 2024 година“, рече Доналд Трамп, поранешен претседател на САД.
Засега не е познато кога ќе почне судењето, но би можеле да поминат месеци. Тој е прв поранешен претседател во историјата на Соединетите држави кој е кривично гонет. Пред судот пристигна со колона од 8 возила каде што го пречекаа голем број поддржувачи. Од Белата Куќа велат дека случајот не е во фокусот на претседателот Бајден.
