Украина

Зеленски во посета на Полска

05.04.2023 09:53

Обновата на Украина ќе биде најголемиот економски проект во Европа во „животот на неколку генерации“, вели украинскиот претседател Зеленски...

Обновата на Украина ќе биде најголемиот економски проект во Европа во „животот на неколку генерации“, вели украинскиот претседател Зеленски. Тој верува оти САД ќе застанат со Украина и ќе помогнат во обновата на државата и им се заблагодари на гувернерите за поддршката.

„Сите вие многу добро знаете како е да го обновите вашиот живот по разорно торнадо. Вие го правите тоа. И ние го правиме тоа но поради човечкото зло, а не природна катаклизма. Обновата на Украина ќе биде најголемиот економски проект во Европа. И верувам дека Америка ќе застане со нас во оваа реконструкција“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Зеленски е во посета на Полска, на покана на полскиот колега Дуда. Министерски состанок на земјите-членки на НАТО во Брисел. По пристапувањето на Финска во алијансата, Генералниот секретар, Столтенберг го покани украинскиот претседател Зеленски на самитот на НАТО во јули во Вилнус, Литванија.