Кошарка
Академија ФМП со победа против Куманово
05.04.2023 09:55
Екипата на Академија ФМП ја забележа втората победа во низа на домашната сцена и со полн плен против Куманово (88-72) скокна на деветтата позиција на табелата во Првата лига...

По успехот против Струмица 2022 на гостински терен, стигна новиот успех. Екипата на Академија ФМП ја забележа втората победа во низа на домашната сцена и со полн плен против Куманово (88-72) скокна на деветтата позиција на табелата во Првата лига.
Следниот дуел за Академија ФМП е против Чаир, додека Куманово игра за избегнување на фенерот со Струмица.
