Премиера на пиесата „Нема струја за електричниот стол“ во НТ Велес
Пиесата „Нема струја за електричниот стол“ од современиот бугарски писател Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски, ќе биде премиерно изведена в сабота на 08 април на сцената „Петре Прличко“, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес...

Пиесата „Нема струја за електричниот стол“ од современиот бугарски писател Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски, ќе биде премиерно изведена в сабота на 08 април на сцената „Петре Прличко“, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Ова е прва премиера во Велешкиот театар годинава.
Станува збор за дуодрама, црна комедија. Во приказната се сместени два лика-оној кој е осуден на смрт со електричен стол и оној кој треба да ја изврши осудата. Играат Васил Зафирчев и Исидор Јованоски.
