МВР
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведени две лица
05.04.2023 10:27
При претрес во домот на М.К., извршен со судска наредба, каде била затекната Т.П., била пронајдена и одземена марихуана...

На 04.04.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.К.(33) од Прилеп и Т.П.(23) од Битола. При претрес во домот на М.К., извршен со судска наредба, каде била затекната Т.П., била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
