Судењето за Жан Митрев одложено за 12 мај
Во Кривичниот суд во Скопје денеска присутен беше Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани со транспаренти...

Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12-ти мај. Во Кривичниот суд во Скопје денеска присутен беше Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани со транспаренти.
Причина за повторното одложување е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои сè уште се во Апелација.
Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, побара од Судот да се закажат повеќе следни рочишта за предметот да добие на динамика, додека одбраната на Жан Митрев побара доволен простор од најмалку два месеци за да се запознаат со списите на предметот, како и да се обезбедат соодветни услови за судење.
