мвр
68 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
05.04.2023 10:42
Од нив, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место...

Како што информираат од МВР, вчера во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани биле 68 возачи. Од нив, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
