МВР

Санкционирани 443 возачи за брзо возење

05.04.2023 11:04

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 443 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 222 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 221 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.