Денот на победата, одбележан со дефиле на армиските единици

09.05.2014 15:11

Армијата на Република Македонија, тоа е патриотизам, постојаност и професионалност. Во касарната Илинден, денот на Победата над фашизмот одбележан со дефиле на армиските единици. На свеченоста говореше Претседателот и врховен командант на оружените сили, Ѓорге Иванов. АРМ денес е целосно професионализирана, со нова организациско-формациска структура. Ние сме подготвени за НАТО и сме посакуван партнер на многу помоќни армии, потенцира шефот на државата.

„Сите пречки што се од несуштинска природа,и кои немаат ништо заедничко со вредностите над кои е изграден современиот демократски свет,нема да не спречат да дојдеме до нашата цел”, рече Претседателот и врховен командант на оружените сили, Ѓорге Иванов.

Во дефилето, ешалони од батаљонот на воената полиција,од првата пешадиска бригада, со припадници кои учествувале и во мировни операции предводени од НАТО.Тука беше и гардата,ликот на АРМ.Специјалните единици Волци и Ренџери-елитата на Армијата,во секое време подготвени ако затреба во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитетот на државата.

На крајот од централната свеченост по повод 9-ти мај, денот на победата, овде во касарната Илинден беше изложена опремата и техниката со кои располага Армијата на Република Македонија.

Милчо Велески