Македонија

Вечерва граѓаните повторно на протест во Битола за малата Јана

05.04.2023 12:21

На плоштадот Магнолија во Битола вечерва граѓаните повторно ќе излезат на протест барајќи правда за смртта на малата Јана. Овој протест доаѓа откако петчлената комисија за стручен надзор формирана од Министерството за здравство не утврди пропусти во третманот и според нив сите постапки биле согласно медицината базирана на докази...

На плоштадот Магнолија во Битола вечерва граѓаните повторно ќе излезат на протест барајќи правда за смртта на малата Јана. Овој протест доаѓа откако петчлената комисија за стручен надзор формирана од Министерството за здравство не утврди пропусти во третманот и според нив сите постапки биле согласно медицината базирана на докази, тие утврдија дека петгодишната Јана имала ковид пред шест месеци, а вирусот го зафатил срцевиот мускул.

Овој извештај од комисијата, како и обдукцискиот наод од патологија сè уште не е доставени во Јавното обвинителство. Случајот отвори сомнеж во јавноста, а родителите на девојчето најавија дека ќе бараат странска помош за да ја дознаат причината за смртта.

Шестгодишната Јана Христова почина на 22 март, само пет часа по приемот во битолската болница.